Високо квалитетни хемикалии и суровини
Опрема и хемикалии кои одговараат на највисоките стандарди. Со спој на софистицирана опрема, квалитетни суровини и стручна лабораториска поддршка. Вашиот партнер за безбедно и ефикасно производство.
Преку стратешко партнерство со глобалните лидери во производството, нудиме сеопфатно портфолио на суровини со висока чистота и специјализирана хемија, во секторите за храна, пијалаци и фармација.
Нашиот пристап оди подалеку од обично снабдување. Ние ги обединуваме инженерингот и техничкиот дизајн со најсовремените системи за филтрација и третман на водa, со цел да овозможиме вашите производствени линии да работат со максимална ефикасност. Од микробиолошка стабилизација на вашите производи, па сè до постигнување заштеда на енергија > 30% во енергетските системи.
,
Сеопфатно портфолио на материјали со висока чистота.
Адитиви за прехранбена индустрија: Згуснувачи (Карагенан), стабилизатори и клучни состојки за производство.
Фармацевтски ексципиенти и базни материјали: Висококвалитетни суровини и помошни супстанции за фармацевтски формулации.
Функционални состојки и нутритивни вредности: Напредни компоненти за нутритивна оптимизација и функционални прехранбени производи.
Системи за филтрација дизајнирани да обезбедат интегритет, бистрина и апсолутна микробиолошка стабилност на финалниот производ кај пивото, виното, соковите и флашираната вода согласно со највисоките безбедносни стандарди.
Хигиенски куќишта за филтри: Високопрецизни куќишта од нерѓосувачки челик (Inox 316L) за еден или повеќе филтри, со санитарен дизајн кој спречува задржување на бактерии.
Стерилна и финална филтрација: Валидирани мембрански филтри (PES, Nylon 66 или PVDF) за апсолутно отстранување на микроорганизми (квасци, бактерии).
Пред-филтрација: Длабински филтри со висок капацитет на задржување нечистотии, дизајнирани да ги заштитат скапите финални мембрани.
Нудиме инженерски решенија за подготовка и оптимизација на процесна вода.
Реверзна осмоза (RO) и омекнување: Мембрани со висок степен на отфрлање нечистотии и единечни/дуплекс омекнувачи за континуирана заштита од бигор.
Напредна филтрација: Мулти-медиумски филтри и специјализирани каталитички материјали за отстранување на арсен (As), железо (Fe) и манган (Mn).
УВ стерилизација: Современи системи за микробиолошка дезинфекција без употреба на хемикалии.
Третман на котловска и разладна вода: Специјализирани хемиски формулации дизајнирани да спречат корозија и создавање наслаги.
Инженеринг на системи дизајнирани за беспрекорна во вашите производствени линии.
Инженеринг по мерка: Наменски дизајн на погони за третман на вода и филтрација, базиран на специфични анализи на влезната вода.
Оптимизација на процеси: Технички ревизии (аудит) за зголемување на протокот и намалување на потрошувачката на хемикалии и енергија.
Целосна процесна интеграција: Од почетен концептуален дизајн до финална инсталација на системите.