Високо квалитетни хемикалии и опрема за тешка индустрија

Рударство и Металургија

Процесни хемикалии и реагенси за флотација, дизајнирани да го максимизираат искористувањето и да го зголемат капацитетот на преработка. Хемиска програма прилагодена на вашата специфична минералогија и работна средина, со цел да постигнеме мерливи резултати.

Докажани хемиски решенија со мерливи резултати

Партнерство со глобалните лидери во производството на хемикалии, Envolve нуди сеопфатно портфолио на докажани технологии. Користејќи ја експертизата од светска класа и соработката со глобална мрежа, на нашите клиенти им овозможуваме пристап до напредни технологии кои го трансформираат пазарот и решенија кои го унапредуваат секој степен од минералната преработка.

Обезбедуваме високоперформансни процесни хемикалии и реагенси за флотација, дизајнирани да им помогнат на рударските операции да го максимизираат искористувањето и да го зголемат капацитетот на преработка. Нашата техничка експертиза гарантира дека секоја хемиска програма е прилагодена на вашата специфична минералогија и работна средина, поттикнувајќи мерливи резултати.

Реагенси за флотација

Подобрувањето на искористувањето кај комплексните руди е клуч за исполнување на производните цели. Иако дизајнот на опремата влијае на перформансите, изборот на соодветна хемија е критичен. Envolve нуди широк спектар на пенашачи, колектори и депресори кои ја обезбедуваат потребната селективност и флексибилност за одржување на врвна ефикасност при сепарацијата.

Клучни производи: Пенливци и Колектори за сулфидни руди и несулфидни руди; Депресори, модификатори на вискозитет.

Флокуланти и коагуланти

Портфолио за сепарација на течно/цврста фаза кое овозможува правилен третман на влезните, процесните и отпадните води, со цел да се обезбеди максимална ефикасност. Ефикасното згуснување на процесната пулпа е критично за одржување на планираното ниво на производство и реупотреба на водата.

Клучни производи: Анјонски и Катјонски полимери во прав или емулзии; Полиакриламиди ; Полиалуминиум хлорид (PAC).

Антискаланти и средства за контрола на наслаги

Органските наслаги и неорганскиот бигор можат да доведат до намалено производство, зголемени трошоци за одржување и непланирани застои. Envolve нуди комплетно портфолио за контрола на таложењето нечистотии од водата и спречување на создавање бигор. Обезбедуваме и специјализирани средства за чистење на веќе постоечките наслаги.

Клучни производи: Дисперзанти за бигор, сурфактанти, инхибитори на корозија, средства за пасивација на површини.

Пирометалургија и преработка на феролегури

Нудиме напредни решенија за оптимизација на процесите на топење и рафинирање. Во фазата на пелетизација и синтенирање, технологии кои овозможуваат подобра кохезија на ситната руда , со што се намалува создавањето на прашина и се подобрува протокот на гасови во печките. Преку прецизна хемиска контрола, помагаме во намалување на потрошувачката на енергенси и енергија во ротационите печки, истовремено обезбедувајќи максимална десулфуризација и отстранување на нечистотиите.

Клучни придобивки: Ефикасна агломерација на прашкасти материјали; Редукција на трошоците за енергенси; Стабилизација на металуршката згура (slag) и подобрена сепарација на течниот метал.

дозирна и контролна опрема

За да се обезбедат оптимални перформанси на хемискиот третман, нудиме напредни системи за дозирање и контрола во реално време. Електромагнетни и моторни дозирни пумпи, мултипараметарски контролни единици за прецизно мерење на pH, спроводливост (Conductivity), ORP (Redox) и ниво на хлор.

Сите единици можат да се интегрираат во централизиран систем за управување (SCADA/BMS), користејќи комуникациски протоколи како Modbus, Ethernet и WiFi за далечинско управување со податоците и автоматизирано прилагодување на дозирањето.

Клучна опрема: Дозирни пумпи; Мултипараметарски контролери; Прецизни сензори (pH/Cond/ORP).

Контрола на прашина

Полимери за сузбивање на прашината на патиштата, хидројаловишта, претоварниточки и депониите за руда. Создавање заштитна кора, долготрајна отпорност на ерозија од ветер или вода, усогласеност со регулативите.

Клучни производи: Супресори за патишта; Средства за инкрустација на јаловишта; Заштитни премази за депонии; Специјални полимери за контрола на прашина во подземни рудници.

↑