ХЕМИКАЛИИ ЗА ТРЕТМАН НА ВОДИ

  • Флокуланти: Се користат за третман на води и бистрење на питка вода, индустриски и отпадни води.

    • Придобивки: Ги здружуваат колоидните честички за да формираат поголеми флокули, помагајќи во процесот на сепарација.

  • Коагуланти: Се користат за третман на води  и бистрење на питка вода, индустриски и отпадни води.

    • Придобивки:Ги таложат ситните честички за полесно отстранување од водата и ја подобруваат филтрацијата.

  • Антискаланти (Средства против бигор): Се користат за третман на води, деминерализација и индустриски процеси.

    • Придобивки: Го спречуваат формирањето на бигор на површините и го продолжуваат животниот век на опремата.

  • Врзувачи на кислород (Oxygen Scavengers): Се користат за третман на вода во котли и спречување на корозија.

    • Придобивки: Го отстрануваат растворениот кислород од водата за да се спречи оксидација и корозија на опремата со што се продолжува животниот век на котлите и цевководите.

  • Амини: Се користат за третман на пареа и инхибиција на корозија.

    • Придобивки: Ги неутрализираат киселите гасови и спречуваат корозија во цевководите и опремата.

  • Биоциди: Се користат за третман на води и заштита на индустриските процеси од микроорганизми.

  • Средства за чистење: Чистачи со висока и ниска pH вредност за отстранување на алкални и кисели остатоци.