ФИЛТРАЦИЈА

Во соработка со светските лидери во областа на филтрацијата, Envolve обезбедува врвни технологии за сепарација и прочистување на течности и гасови. Нудиме прецизно дизајнирани решенија кои гарантираат оперативна извонредност и највисоки стандарди за филтрација во индустрија.

Омекнувач на вода

Храна и Пијалоци

Во соработка со светските лидери во индустријата, нудиме напредни решенија за филтрација кои гарантираат безбедност на производите, бистрина и продолжен рок на траење во сектор на пијалок.

  • Стерилна финална филтрација – Апсолутна мембранска филтрација за флаширана вода.
  • Системи за бистрење – Отстранување на квасец и суспендирани честици кај пиво и вино.
  • Trap филтрација – Високоефикасно отстранување на DE и PVPP честички.
  • Вентилација на резервоари – Стерилна филтрација на воздух за заштита на асептично складирање.
  • Груба предфилтрација – Системи за предтретман за напојна вода или сировина.

Amazon-Filters-SupaPore-Nanofibre-filters

Фармација

Технологии за филтрација подготвени за валидација, дизајнирани за критична чистота и безбедност во фармацевстки апликации.

  • Мембрани за стерилизација – Валидирано задржување на бактерии (0.22 микрон).
  • Процесна филтрација – Филтрација со висок капацитет за индустриски процеси.
  • Вентилација на резервоари – Стерилна филтрација на воздух за заштита на асептично складирање.
  • Асептична филтрација на воздух – Стерилна вентилација за ферментори и биореактори.
  • API прочистување – Филтри отпорни на растворувачи за хемиска обработка.
  • Тестирање на интегритет – Системи за проверка на перформансите на филтрите и усогласеност со стандардите.

filter housing

Лабораториска филтрација

Производи за прецизна микрофилтрација наменети за аналитички лаборатории, истражување и подготовка на дијагностички примероци.

  • Шприц-филтри – Мембрани со ниско врзување протеини за HPLC примероци.
  • Капсулни филтри – Скалабилни единици за еднократна употреба за пилот-постројки.
  • Микробиолошки монитори – Мембрански системи за броење колонии.
  • Вакум филтрација – Брза и сигурна филтрација на водени растворувачи.
  • Центрифугални филтри – Концентрација и прочистување на протеини и нуклеински киселини.
  • Специјализирани тест-ленти – Решенија за брзи дијагностички и аналитички тестирања.

Abluo-13-Mix

HVAC и филтрација на воздух

Високоперформансни решенија за квалитет на воздухот наменети за индустриски, медицински и комерцијални системи за вентилација.

  • HEPA и ULPA филтри – Максимална заштита за „чисти соби“ (cleanrooms) и оперативни сали.
  • Молекуларна филтрација – Активен јаглен за отстранување на гасови и непријатни мириси.
  • Пред-филтрациони подлоги – Високоефикасно задржување на прашина и ситни честички.
  • Антимикробни медиуми – Специјализирани премази за спречување на развој на мувла.
  • Fan Filter Units (FFU) – Интегрирани единици за прочистување воздух за чисти зони.
  • Енергетски ефикасни панели – Дизајн со низок пад на притисок за одржливост.

↑